(ФОТО) За Леклер пол во Сингапур

Шарл Леклер ја зазеде пол-позицијата пред Големата награда на Сингапур.

Возачот на Ферари заврши пред возачот на Ред Бул, Серхио Перез и асот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Макс Верстапен ги заврши квалификациите дури на осмото место.



Во исклучително возбудливите квалификации на патеката Марина Беј, Леклер ја запре штоперицата на 1:49.412 во последниот круг.
Многу блиску до него беше Серхио Перез, кој заостана само 0,022 секунди, додека Луис Хамилтон беше помалку од десетинка од минус. Неговото заостанување беше 0,054.
Четврти беше вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, а Алонсо, Норис, Гасли, Магнусен и Цунода завршија по редослед од петтото до десеттото место.
Во последниот обид Ферстапен беше во убедливо најбрзиот круг, но тимот од непозната причина го повика во боксот, па уличната трка ќе ја започне дури од осмата позиција. Во оваа трка Холанѓанецот има можност и теоретски да ја обезбеди титулата.
Трката за Големата награда на Сингапур се вози во недела од 14:00 часот со директен пренос на Спорт Клуб 2.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …