Скорпија
Првиот дел од октомври ќе биде пријатен, но најсреќните денови ќе бидат после 20. Тогаш ќе се остварат многу желби, пред се љубовните. Доколку бараат страсна авантура, ќе најдат некој кој ќе им ги оствари соништата, додека паровите повторно ќе го разгорат огнот на љубовта. Деловниот успех ги чека оние кои се подготвени да ризикуваат и да прифатат нови предизвици.
Рак
Иако првиот дел од октомври ќе биде стресен, втората половина од месецот ќе биде толку голема што брзо ќе заборават на неволјите што ги снашле. Ќе им се разбуди желбата за забава и забавување, како и за нови искуства. Ќе бидат посмели од вообичаено, па ќе носат одлуки кои ги одложуваат долго време. На љубовно поле ќе се случат важни промени. Очекуваат средба која би можела да ги насочи нивните животи во нова насока.