Кога пивото станува проблем? Лекарите советуваат: „Ако чувствувате нешто од ова, немојте да го пиете“

Во интервју за странски медиуми, гастроентерологот Џонатан Кунг изјавил дека не би им препорачал на луѓето со дијабетес да нарачуваат пиво бидејќи тоа предизвикува зголемување на нивото на шеќер во крвта. Се случува некои производители да не наведат дека воопшто има шеќер во нивното пиво.
Доколку имате прекумерна тежина, исто така не треба да го консумирате овој напиток бидејќи предизвикува таложење на масни наслаги во пределот на стомакот. Оние кои се чувствителни на глутен треба да се воздржат и од купување пиво.
„Повеќето пива содржат глутен, кој предизвикува воспаление на цревата, што секако предизвикува гастроинтестинални проблеми“, додава Кунг.

This image has an empty alt attribute; its file name is pivo-i-zdravje.jpg
Избегнувањето на пиво важи и за луѓето со синдром на нервозно дебело црево (IBS).
„Тоа предизвикува надуеност, гасови, дијареа и ги иритира цревните ѕидови и ја задржува течноста во телото на пациентот“, рекол тој.
Доколку пиете пиво иако имате проблеми со црниот дроб, можете дополнително да го забрзате процесот на оштетување на паренхимот (органското ткиво) и со тоа да го отежнете функционирањето.
Оние кои имаат металоиди, исто така, треба да се воздржат од пиење на овој алкохолен пијалок.
„Пивото го спречува затворањето на долниот дел од хранопроводникот, што предизвикува желудочната киселина да се врати во грлото односно горушица“, заклучил Кунг.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …