Грицки кои помагаат во регулирање на крвниот притисок и шеќерот, го намалуваат ризикот од развој на рак на дојка

Семките од тиква се здрава традиционална закуска. Кога ќе се излупат, остануваат покриени со зеленикава мембрана која е најбогата со хранливи материи. Може да се јадат сирови или печени, а се продаваат или со лушпата или веќе излупени.
Семките од тиква не се сметаат за високоалергенска храна, но како и секоја храна, можна е алергија на нив. За среќа, тоа е ретко. Триесет грама семки содржат околу 130 калории, 1,7 грама диетални влакна, 260 милиграми калиум, 190 милиграми магнезиум, 20 милиграми холин, 2,84 милиграми железо, 2,52 милиграми цинк, 2,35 микрограми витамин К, содржат и фосфор, калциум, витамини Е и Б2, фолна киселина, фитинска и салицилна киселина, каротеноиди итн.

This image has an empty alt attribute; its file name is semki-od-tikva.jpg


Поради овој состав, тие се добри за здравјето, а треба да се истакнат неколку од нивните најважни ефекти.
● Може да помогнат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.
● Како одличен извор на магнезиум, тие можат да помогнат во регулирањето на крвниот притисок.
● Магнезиумот, кој го има во изобилство во семките, е неопходен и за регулирање на сонот, па семките можат да го подобрат квалитетот на сонот.
● Тие се добар извор на антиоксиданси, па затоа истражувањата ги поврзуваат со значително намалување на ризикот од развој на рак на дојка, кој бил најизразен кај жените во постменопауза.

This image has an empty alt attribute; its file name is semki-od-tikva-1.jpg
● Тие се и одличен извор на незаситени масти, вклучително и алфа-линоленска (ALA) омега-3 есенцијална масна киселина. Постојат силни докази дека јадењето семки, како дел од урамнотежена исхрана, токму поради содржината на АЛА киселините, може да биде корисно за срцето и да спречи кардиоваскуларни заболувања.
● Можат да помогнат при проблеми со простатата и во превенција и третман на некои проблеми на уринарниот систем.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ин Мемориам: По долго боледување почина проф. др. Јовица Угриновски

По тешко боледување на 77 годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски. Со огромна жалост …