(ВИДЕО) СИТЕ ГИ ЗБУНИЛ – Ѓоковиќ направи грешка што ја нема направено во 1.250 натпревари, се засрами кога сфати што направил!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во два сета го победи својот голем пријател Васек Поспишил и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Тел Авив, а резултатот беше 2:0 во сетови (7:6, 6:3). Сепак, најголемо внимание привлече една необична грешка што најдобриот тенисер на светот ја направи на крајот од мечот.
Ѓоковиќ направи брејк за 5:3, а потоа отиде да седне. Не бил изненаден ниту кога Поспишил не го направил тоа, но и кога момчињата и девојките кои ги собирале топките не ги префрлале топчињата од едната на другата страна, па ги предупредил.

View this post on Instagram

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


Меѓутоа, не долго потоа сфатил дека згрешил и дека нема промена на страната, па дури и малку се засрамил. Публиката на трибините го поздрави со аплауз, а самиот Новак не можеше да се воздржи од смеење.
„Новак заборави дека тоа не е промена на страна (се смее). Е, Ноле, Ноле… Тој сепак им кажува на децата да ја дадат топката таму, на оваа страна. Па, го видовме ова. Тој има одиграно само 1.250 натпревари во кариерата, приближно… Ова веројатно му се случило по прв пат“, изјавил во преносот коментаторот на Спорт Клуб, Небојша Вишковиќ.


Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра со Констан Лестиен и не би требало да има проблеми. Натпреварот можете да го следите од 18.30 часот на каналите на Спорт Клуб.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …