(ВИДЕО+ФОТО) НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ – Гледачите згрозени од новиот филм за Мерлин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте!“

Филмот „Blonde“, измислена приказна за легендарната актерка Мерлин Монро, кој неодамна беше објавен на Нетфликс, предизвика негативни реакции кај публиката.


Писателката Џојс Керол Оутс ја прикажала славната актерка во измислена приказна на начин кој на многумина не им се допаднал.
Во филмот има неколку навистина одвратни сцени со силување, многу гледачи тврдат дека мислат дека режисерот всушност сакал да сними порнографско дело со покојната актерка. Филмот не се препорачува за лица помлади од 17. години.


Иако сите ја фалат актерката Ана де Армас, која го отелотвори ликот на фаталната русокоса, мнозинството обожаватели на Мерлин Монро го нападнаа режисерот Ендру Доминик, кој јавно призна дека единствениот добар филм за починатата актерка е „Некои го сакаат тоа жешко “ и дека во филмот „Како да се омажиш за милионер“ сите жени се добро облечени ку*ви.

„Гледав 20 минути од овој филм и веднаш морав да ги проверам социјалните мрежи за да видам дали пропуштив нешто и дали и другите луѓе се згрозени“, „Се обидов да го гледам ‘Blonde’ но не можев да издржам повеќе од 20 минути, навистина беше сурово и ми го скрши срцето“, „Ана де Армас е одлична, но мажите се толку сурови“, „’Blonde’ ја исмејува Мерлин Монро. Таа не беше само секс објект. Не го гледајте“, „Филмот е толку лош што ни солидната Ана де Армас не можеше да го спаси“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Режисерот Доминик претходно го коментираше контроверзниот филм.
„Тоа е филм кој бара многу. Ако не и се допаѓа на публиката тоа е проблем на публиката. Ова не е кандидирање за јавна должност. Роа е NC-17 филм за Мерилин Монро, тоа е она пто го сакате, нели? Сакам да одам и да ја видам NC-17 верзијата на приказната за Мерлин Монро“, изјавил тој за Screen Daily.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …