Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до здрав живот, но понекогаш се случува одредени намирници да консумираме повеќе отколку што треба.
Така е кога станува збор за месото и месните производи, па се поставува прашањето што се случува во нашето тело.
Прекумерното внесување месо може да ве измори. Месото е богато со протеини кои ни даваат енергија и по консумирањето треба да имате енергија, но проблемот е што преработеното месо според многу истражувања влијае на менталниот замор и ја нема истата хранлива вредност.
Прекумерното консумирање месо може да доведе до чести настинки. Месото не содржи витамини, особено витамин Ц, најважниот за нашиот имунитет, а ако консумирате премногу месо автоматски значи дека внесувате помалку зеленчук и овошје, кои се најважни за одржување на здравјето.

Лошо за срцето


This image has an empty alt attribute; its file name is srcev-udar.jpg
Може да развиете и сериозни дигестивни проблеми. Ако вашата исхрана главно се состои од месо, тоа значи дека не внесувате влакна кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот и житариците, што може да предизвика запек или болно празнење на дебелото црево.
Прекумерното консумирање месо исто така може да му наштети на вашето срце. Влакната што нема да ги добиете од јадењето месо му овозможуваат на вашето тело да го апсорбира холестеролот и да го заштити вашето срце. Ако јадете месо или уште полошо преработено месо и избегнувате друга здрава храна, вашето срце може сериозно да биде загрозено. Овие видови на месо се полни со заситени масти и создаваат лош холестерол.
Може да добиете и камења во бубрезите бидејќи со зголемено консумирање на црвено и бело месо внесувате и поголема количина на азот кој создава калциум во организмот, кој потоа се обидува да се исфрли преку бубрезите, а потоа може да се појават болни камења што понекогаш ќе бара хоспитализација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …