Што е СЕКСОДУС? Овој „ТРЕНД“ го зафати светот и се помалку луѓе водат љубов…

Пандемијата на корона вирусот во голема мера влијаеше на нашите животи, особено на здравствениот сегмент, а исто така го промени и начинот на кој гледаме на светот и како се справуваме со нашите животи. Вклучувајќи го и сексуалниот живот.
Научниците открија дека луѓето се помалку водат љубов од почетокот на пандемијата. Имајќи предвид дека многу работи станаа несигурни и неизвесни и дека веќе не е лесно да се планира иднината, веќе не е чудно што луѓето се напнати и вознемирени.
Познат бренд за секс играчки спровел истражување кое потврдува дека „сексодус“ постои и ги погодува луѓето ширум светот.
Нивниот тим анкетирал 4.000 индивидуи за нивниот сексуален живот и открил дека 45. отсто од нив водат љубов помалку од порано, или дури и немале никаков однос во изминатите 18. месеци, а секој десетти не бакнал партнер за тоа време. Има и такви кои водат љубов повеќе од порано, но тие се само 21. процент.
Експертите сметаат дека стресот е главниот виновник за тоа, бидејќи зголеменото лачење на кортизол, хормонот на стресот, може да влијае на намалувањето на либидото и да донесе преголем притисок. Врз основа на резултатите од тестот, откриено е дека главните причини за падот на сексуалниот нагон се анксиозноста и ниската самодоверба, односно сликата за сопственото тело.

Подолу ви даваме листа на стручни совети како да ги надминете ваквите ситуации што е можно полесно:


НИШТО НА СИЛА
Без разлика дали имате партнер или не, најлошото нешто што можете да го направите во овој момент е да избрзате и насилно да барате нова врска. Се зависи од вашите потреби, но прво слушајте го вашето тело и интуиција, па дури потоа реагирајте.

РАЗГОВОР
Ако имате со кого да го споделите вашиот проблем, и разговор за тоа може да направи да се чувствувате помалку сами. Повторно, ова зависи од тоа дали воопшто ви е удобно да споделувате такви интимни работи со некого, но можеби би можеле да се обидете да одите кај психолог.


БИДЕТЕ СВЕСНИ ЗА СВОЕТО ТЕЛО
Пред да се соблечете пред некој друг, треба да бидете во ред со својот изглед и со сопственото тело. Застанете пред огледалото, не се осудувајте и навикнете се на тоа како изгледате, а потоа можете да уживате и сами пред да го направите тоа со друга личност.

ИНТИМНОСТ БЕЗ ПРЕЧКИ
Кога конечно ќе дојде време за водење љубов, обидете се да се исклучите од мрежата, оставете ги телефоните и лаптопите и заборавете на обврските и другите луѓе. Подгответе ја атмосферата и доколку е потребно однапред одвојте точно време за мала интимност. Ослободете се од притисокот и едноставно уживајте со партнерот, без никаков товар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРЕВЕНЦИЈА – Обрнете внимание: Ова се 4-те први сигнали кои укажуваат на НЕДОСТАТОК НА КАЛИУМ

И’ грчевите и хроничниот замор можат јасно да укажуваат на недостаток на овој елемент…Недостатокот на …