Моника Белучи денеска го слави својот 58. роденден, а ние ќе се потсетиме на нејзините неверојатни животни приказни
Секој пат кога ќе слушнеме некој факт за животот на Моника Белучи, фактите не тераат да кажеме: „Па, само таа го може тоа!“
Се прашувате како е можно Моника Белучи да старее на толку природен и убав начин? Како е можно брчките толку добро да и прилегаат и да ја направат уште поубава, наместо да и ја нарушат убавината?
Вистината е дека Моника направила се што сакала во животот. Таа ги исполнила сите нејзини хирови!
Но, да почнеме од почеток:
Моника Ана Марија Белучи е родена во селото Чита ди Кастело на 30. септември 1964. година како единствено дете на сопственикот на транспортната компанија Луиџи Белучи и сликарката Марија Густинели.
Се зборувало дека нејзините родители ја криеле колку што можеле, плашејќи се што може да направи нејзината убавина.
Моника почнала да се занимава со манекенство на тринаесет години, за да го плати своето образование, а до 1989. година станала едно од препознатливите лица на париската модна сцена, појавувајќи се на насловните страници на списанија како Ел и соработувајќи со брендови како што се Долче и Габана.
Студирала право на Универзитетот во Перуџа, но на крајот го напуштила колеџот за да се посвети на манекенството. Таа се омажила за фотографот Клаудио Бас во 1990. година, но се развеле по четири години. По работата на неколку италијански телевизиски емисии, како и глумењето во филмови, Белучи ѝ се претставила на американската публика со филмот „Дракула“ во 1992. година. Четири години подоцна, таа одиграла значајна улога во францускиот филм „Апартман“.
Наскоро таа дошла до холивудски улоги, како и европски филмови. Глумела во бројни филмови, но најзабележителна улога и беше во „Малена“. Таа остана најпрепознатлива по таа улога.