(ФОТО) Кејт Мидлтон за нејзините фотографии се нашла на удар на критиките, еве за што ја обвинуваат

Принцезата од Велс ги урива надежите на новите, млади генерации фотографи со тоа што самата ги фотографира своите деца. Ова се зборовите на кралскиот фотограф Џон Сванел, кому му пречело тоа што 40-годишната Кејт Мидлтон со години сама ги фотографира своите деца по повод нивните родендени, а потоа ги објавува на официјалните веб-страници. На тој начин им ја ускратува можноста на младите фотографи да се прослават.
– Целата работа што ја добив од кралското семејство навистина ми ја подигна кариерата, но во денешно време некој како мене едноставно нема да има можност да го постигне истото. Треба да им се даде шанса на младите англиски фотографи, смета Сванел.
Сепак, како што вели, тоа што Кејт ги фотографира сопствените деца има некои предности, како на пример тоа што иако не е добар фотограф, подобро ги познава, поради што се поопуштени пред објективот.

Страста на принцезата кон фотографијата датира од нејзините студентски денови, кога таа ја креирала својата додипломска теза за фотографии на деца.



Таа самата станала првиот член на кралското семејство што ги направил првите официјални фотографии од кралско бебе, кога во 2015. година објавила фотографии од нејзината новородена принцеза Шарлот во прегратките на постариот брат принцот Џорџ.

Оттогаш, таа редовно ги фотографира Џорџ, Шарлот и Луис, како и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, а тие портрети ги објавува по повод нивните родендени.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …