(ФОТО) Данската кралица им ги одзела титулите на четири внуци и го шокирала семејството: „Како гром од ведро небо“

Данската кралица Маргрета, по смртта на Елизабета, единствената владејачка кралица во Европа, им ги одзела титулите на четири од осумте внуци, соопштиле од палатата, пишува „Гардијан“.

This image has an empty alt attribute; its file name is danska-kralica.jpg
Официјалната причина била желбата на кралицата да им овозможи на децата на нејзиниот најмлад син, принцот Јоаким, да имаат понормален живот, а чекорот следел по слични потези на другите кралски семејства во Европа, објавила палатата.
„Од 1. јануари 2023. година, потомците на неговото кралско височество принцот Јоаким ќе можат да ги користат само нивните титули гроф и грофица од Монпезат, а нивните претходни титули принц и принцеза на Данска ќе престанат да постојат“, соопштила кралската палата.



Принцот Јоаким (53) има четири деца од два брака: Николај, Феликс, Хенрик и Атина на возраст од 10. до 23. години.
„Со нејзината одлука, Нејзиното Височество Кралицата сака да создаде рамка за четирите внуци за да можат да го обликуваат сопственото постоење во многу поголема мера без ограничувањата и обврските што ги носи формалната припадност на Кралската куќа“, објавила палатата.

„Одлуката на кралицата е во согласност со слични промени што другите кралски куќи ги спроведоа во последните години на различни начини“, се додава во соопштението.
Мајката на двата најстари синови на принцот Јоаким за данските медиуми изјавила дека е „шокирана“ од одлуката.
„Ова дојде како гром од ведро небо. Децата се чувствуваат исклучени”, изјавила грофицата Александра. „Не можам да разберам зошто им се одзема идентитетот“.


Четирите внуци на кралицата, родени од престолонаследникот Фредерик (54), ќе ги задржат титулите, но кога ќе станат полнолетни, апанажа ќе добие само идниот крал, принцот Кристијан, одлука донесена уште во 2016. година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …