Web

Утревечер во Скопје ќе се одржи „Бела ноќ“

Бум од уметнички настани, утревечер „Бела ноќ“ во Скопје. Скопјани ќе уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот.
Скопје во чекор со европските метрополи, утревечер „Бела ноќ“, скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот. Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи утревечер (1.10.2022) на повеќе локации низ Скопје.
Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ каде ќе се одигра детската претстава „Моќта на музиката“, жонглерско шоу, концерт на Мијата.
Камерниот оркестар на Битола ќе се престави со „James Bond Symphony“, а настанот ќе заврши со настап на диџеј Dubnotic.

This image has an empty alt attribute; its file name is desonanz-bela-nokj-2022-01.png
Во Кинотека ќе се одржува фестивалот „Десонанз“ каде ќе се презентира македонската електронска сцена, видео арт и ќе се прикажуваат филмови од кинотеката. Во Градски парк кај фонтана ќе се може да се погледне „Сообраќаен инсектариум – ПајакАрт“, групна изложба на 13 домашни автори од различни ликовни изрази.


Програмата ја збогатуваат и културните институции: Во МКЦ ќе се одржува „Скопје винил конвеншн“ и перформансот на Франк Масон (менталист и психички забавувач од Нирнберг, Германија), Детски културен центар „Карпош“ заедно со Зоолошка градина ќе ги анимираат најмладите со „ЗОО Азбука“, во Национална галерија т.с. Даут-пашин амам ќе може да се погледне изложбата на Димитар Кондовски, во Музеј на современа уметност ќе може да се види ретроспективната изложба на Симон Узуновски „Пат за Волкодери“ и самостојната изложба на Јана Јакимовска „Ретро:телесни ретроспективи“, во Спомен-куќата на Мајка Тереза постојаната изложба и „Мисионерка на милосрдието – Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“, Библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе организира креативна работилница за деца, поетско читање, клуб на читатели и музичка програма, во Музеј на македонската борба ќе може да се види изложбата

This image has an empty alt attribute; its file name is Bela-nok-Kreativi-lokacii-11.jpg
„Скопје со културните добра” на Ансамбал Македонија, а во Музеј на Република Северна Македонија постојаната етнолошка поставка, постојаната историска поставка – „Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940- 1949“ и времената изложба – „Гозби за живите и предците, боговите и светците“.
Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите. ЈСП Скопје ќе вози бесплатно од 18 до 05 часот, а ќе функционираат и ноќните линии.
Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а покровители се Сити радио и Лајф радио.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кајмак” во кино стана настан на сезоната

За само 10 денови од прикажување, филмот „Кајмак” по сценарио и во режија на Милчо …