Објавени се: Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“ во 2022 година, и Конкурсот за доделување на државната награда „Мето Јовановски “ во 2022 г.

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” распишува:

К О Н К У Р С


за доделување на државната награда Мито Хаџи Василев-Јасмин” за  2022 г.

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарство.


Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

               Државната награда под условите определени во конкурсов може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.


               На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ.

               На секој член на наградената група творци или екипа им се доделува диплома и  подеднаков дел од паричниот износ.

               На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

               Паричниот износ на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” изнесува пет (5) просечни месечни плати во Република Северна Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

               Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” се доделува, по правило, секоја година.

               Во една година може да се доделат најмногу до две (2) награди.

               Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

               Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци и докази точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во која што е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето.

               Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

               Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават  најмалку во еден  (1)  примерок.

               Адресата на којашто треба да се достават иницијативите е:

               Министерство за култура на Република Северна Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” , ул. „Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје, Република Северна Македонија.

               Конкурсот трае од 1.10 до 31.10.2022  година.

               Иницијативите и прилозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием, како и некомплетните иницијативи нема да бидат разгледани од страна на Одборот.

Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ распишува
КОНКУРС за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ во 2022 година

                                                                                         Одбор за доделување на државната награда
                                                                                                             „Мето Јовановски“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап шоу на актерот Бојан Кирковски во Младинскиот културен центар

Вечерва во 20 часот, во Младинскиот Културен Центар, за прв пат на сцената во Кино …