Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со низа настани за „Бела ноќ“

И во активностите за едно од најпрепознатливите скопски случувања, Библиотеката се обидува да стигне до што повеќе свои членови, но и до пошироката публика.

Скопје, 30 октомври – ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ како еден од двигателите на културното живеење на Скопје, со низа настани ќе се вклучи во годинашната скопска „Бела ноќ“ која ќе се одржи утре, сабота, 1 октомври.


И во активностите за едно од најпрепознатливите скопски случувања, Библиотеката се обидува да стигне до што повеќе свои членови, но и до пошироката публика.

Програмата започнува во 12 часот во Библиотеката „Другарче“ со Работилницата за деца (од 3-7 години), која ќе ја водат Ана Голејшка Џикова и Ангела Георгиевска.


This image has an empty alt attribute; its file name is Bela-nok-Kreativi-lokacii-11.jpg

Во исто време, во „Паркот на поезијата“ во Централната библиотека ќе се одржи Клубот на читатели за романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кјунџиски. Насловот беше предлог-книга за месец септември, кога ја започнавме големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели ќе го води Денис Бојаров, а идејата е на неформален начин на едно место да се соберат оние кои ја прочитале „Сфингата“, но и оние кои планираат да го направат тоа и низ разговор да отворат интересни прашања за делото. „Клубот на читатели“ е планирано да прерасне во традиционална средба со која ќе се заокружува секој месец од кампањата „Читаме современи македонски автори“.


Во 20 часот, повторно во „Паркот на поезијата“ следува Поетско читање, на кое ќе настапат: Владимир Лукаш, Катерина Гогова, Митко Апостолов, Д.А.Лори, Андреј Ал-Асади, Софија Тодоровска, Диме Данов. Модератор на настанот е поетесата Биљана Стојановска. Во 21 часот следува музичкиот настап на дуото Jazzna Dares од 21 часот.

Библиотеката е средиште на културата и меморијата, но и на актуелните случувања за кои ги отвораме своите врати – истакнува тимот на Библиотеката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кино за млади“ во Скопје

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно …