(ВИДЕО+ФОТО) ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПАРЧЕ ЗЕМЈА НА СЕЛО, НАПРАВЕТЕ ВАКВА ВИКЕНДИЧКА: Лесна е за изградба, уште полесна за одржување, а трошоците се минимални

Мала куќа на село за да се избегне стресот и бурниот начин на живот може да биде идеално решение за повеќето од нас…
Македонците отсекогаш сакале големи, трикатни куќи кои одговараат на неколку генерации. Меѓутоа, времињата се сменија, па денес родителите главно се оставени сами во тие големи куќи. Проблемот со големите куќи е пред се што бараат пари. Многумина ќе речат: „Куќата е јама без дно“. Моментот кога ќе помислите дека сте ја средиле и завршиле, се „отвараат“ нови работи и барања за реновирање.
Заради тие огромни куќи во градовите, сите сме ги запоставиле нашите предци на село. Таму често има куќи кои не се вселиваат или поседуваме празни ниви во кои одиме еднаш годишно.

This image has an empty alt attribute; its file name is vikendicka-1.jpg
За максимално да уживате во парче земја на село, ви предлагаме да примените американски систем – живеење во мали куќички.
Овие куќи ги прават од контејнери за транспорт, но реално е дека можат да се направат и од цигли. Кога ќе го ископате тој темел и ќе почнете да градите, важно е да имате на ум една работа: потребно е малку за да бидете среќни.
Не се заборавајте повторно да започнете голем проект на куќа со неколку соби. Доволно е да имате викендица на село со една спална соба, дневна, кујна и бања.
Се’ друго е излишно.


This image has an empty alt attribute; its file name is vikendicka-2.jpg
Како пример ви ја претставуваме куќата на еден американски пар кој од контејнери го направил своето парче рај, сето тоа во желба да живее без хипотека, заеми и големи трошоци.

Погледнете како изгледа нивниот дом:


А приказната за нивниот живот и што ги натерало да го изградат овој мал дом, погледнете ја во видеото подолу:

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …