(ВИДЕО) ИЗВЕСТУВАЛА ЗА СМРТ – Гаф на водителката на утринската програма на РТС: Хитот на раперот Кулио го нарекла „Gang staz paradajz“

При известувањето за смртта на американскиот рапер Кулио, водителката на РТС направила урнебесен гаф во утринската програма читајќи го името на неговиот хит „Gangsta’s Paradise“.
Зборувајќи за тоа дека раперот починал на 59-годишна возраст, таа исто така рекла дека најголемиот успех го постигнал со песната „Gangsta’s Paradise“, која беше дел од саундтракот на филмот „Dangerous Minds“.
Сепак, се чини дека водителката не била запознаена со споменатиот хит и името го прочитала како „Gang staz paradajz“.


Моментот кога погрешно го изговара името на песната можете да го погледнете во видеото погоре.

„Јавен сервис на Србија. Национална телевизија. Ова ги надмина сите оние акценти на кои се ежам“, „Порано водителките учеа дикција, се консултираа со лектори, правилно изговараа странски имиња и титули. Каков црн домат?“, „Навистина?“, коментирале твитерџиите.


Пронајден во куќата на пријател
Кулио починал на 59-годишна возраст. Неговиот долгогодишен менаџер рекол дека Кулио влегол во бањата кај еден пријател и не излегол.
Неговиот пријател го повикал, за на крајот да влезе и да го најде Кулио како лежи на подот. Странските медиуми пишуваат дека полицијата ја потврдила истрагата за смртта.
Потсетуваме, американските медиуми денеска објавија дека раперот Кулио починал на 59-годишна возраст. Неговиот долгогодишен менаџер Џарез Посеј изјави дека уметникот бил пронајден безживотно на подот во бањата во домот на пријател во Лос Анџелес.
Кулио се занимавал и со глума, а во 2004. година бил гостин на Сараевскиот филмски фестивал заедно со екипата на филмот „Таа прекрасна сплитска ноќ“.

Фото: Принтскрин/RTS

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …