(ВИДЕО) ИЗБЕГНАЛЕ КАТАСТРОФА – Застрашувачко видео од Аргентина: Фудбалерите за малку ќе настрадале за време на прославата

Славјето на фудбалерите на „Белграно“ по враќањето во елитните редови на аргентинскиот фудбал за малку ќе резултирал со невидена катастрофа бидејќи играчите за малку ќе удреле со главите во мостот.
Фудбалерите на „Белграно“ со десетици илјади свои навивачи го прославиле враќањето во елитата. Тоа го направиле возејќи се со отворен автобус низ градот и славејќи со своите фанови.
Меѓутоа, во еден момент е снимено застрашувачко видео. Автобусот поминал токму под мостот и само реакцијата на трезвените фудбалери спречила невидена трагедија.
Возачот направил превид, а мостот останал над главите на фудбалерите за само неколку сантиметри. Славениците успеаја доволно да се наведнат за да го избегнат кобниот удар.

Играчите останале речиси згмечени, а навивачите кои снимале останале во шок. Се слушнале и врисоци на бројните присутни навивачи на „Белграно“.
Славјето траело повеќе од четири часа по победата над тимот на „Браун де Адрог“ (3:2), но се можело да се претвори во невидена катастрофа.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ин Мемориам: По долго боледување почина проф. др. Јовица Угриновски

По тешко боледување на 77 годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски. Со огромна жалост …