Познати добитниците на државната награда „11 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12,  99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе

                                                            О Д Л У К А


за доделување на државната награда ,,11 Октомври“ за 2022 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија

  1. За животно дело во областа на науката, наградата му се доделува на:


            –  проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар.

 2. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:


         – Линдита Ахмети, поетеса

         – Томислав Османли, писател

         – Мицко Јанкуловски, ликовен уметник.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2022 година (вторник) во 12часот во Собранието на Република Северна  Македонија.                                                                              

                                                                                     Претседател на Одборот

                                                             за државната награда „11 Октомври“

                                                                           Џевдет Хајредини

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кино за млади“ во Скопје

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно …