Зошто 33 % жени со полицистични јајници имаат прекумерна тежина?

Поновите истражувања сведочат дека 33 % женисоСиндром на полицистични јајници (PCOS) се борат со прекумерна тежина или дебелина, вели нутриционист Соња Пановска, М-р по Јавно здравје. Зголемено лачење на андрогените хормони, поради кои се појавуваат цистите,  често доведува до зголемување на телесната тежина, особено околу пределот на стомакот што пак од своја страна го зголемува ризикот од покачен холестерол и крвен притисок, висок шеќер во крвта, високи триглицериди и потенцијално развој на дијабетес и болести на срцето.

Каква треба да биде исхраната на жени со полицистични јајници


„При третман на PCOS потребна е исхрана која ке ви помогне да ги намалите долгорочните ризици од дијабетес и срцеви заболувања.“ вели Пановска ,„Внесувањето повеќе растителни влакна може да помогне во одржувањето на нивото на шеќер во крвта и да го намали холестеролот.

Сите студии покажуваат дека на менито треба да се најде храна богата со расителни влакна како:


  • брокула, карфиол, рукола
  • зелена салата,зелка
  • црвен зеленчук како црвена пиперка, црвена леќа
  • и црвено овошје како малина , капина, рибизла, јагоди,
  • слатки компири, тиква
  • масна риба како лосос, сардина, скуша.

Нутриционистата Пановска истакнува дека е важно да има повеќе протеини во секој оброк.„Протеинската храна од растителна основа може да обезбеди повеќе влакна и помалку заситени масти од другите видови протеинска храна. Конзумирајте грав, грашок, леќа, јаткасти плодови, семки и тофу, како и посно месо и живина, јајца и риба.“ – вели таа.

Третманот на Синдром на полицистични јајници е тимска работа


Третманот на полицистични јајници, покрај таблетарна терапија, задолжително вклучува и промени во животниот стил, пред се во исхраната и редовната физичка активност. Вие, вашиот лекар и вашиот нутриционист сте тим кој работи заедно.

Лекарот и нутриционистот препорачува таблети, план на исхрана и додатоци на исхраната. Некои жени со PCOS може да имаат корист од додаток на витамин Д ако имаат недостаток, или пак од земање омега-3 и пробиотици.На пример Елова е одличен природен додаток на исхраната при третманот за полицистични јајници, кој може да ви го препорача вашиот лекар согласно вашата состојба.

Нутриционист треба:

•  Да ви даде персонализиран план за исхрана за да помогне во управувањето со симптомите на PCOS земајќи ги предвид вашите преференции, медицинска историја, култура и начин на живот

• Да ве осигура дека добивате доволно од основните хранливи материи како што се влакна, протеини, витамин Д и омега-3

•  Да предложи какви било додатоци на исхраната од кои би имале корист

•  Да ви помогне да научите како да ги читате етикетите на храната и да подготвувате хранливи оброци

Храна која треба да се избегнува

На планот за исхрана при третман на полицистични јајници никогаш не треба да има храна која предизвикува зголемено лачење на андрогените хормони, а тука спаѓаат :

  • слатки рафинирани шеќери како бел леб, теста, тестенини од бело брашно
  • слатки рафинирани шеќери како колачи, грисини, чипсови, слатки
  • газирании слатки пијалаци

Бидете физички активни

„Не ја заборавајте физичката активност и со секојдневно пешачење може да се одржува тонус на телото“, вели Соња Пановска.  Пешачење наместо користење автомобил или качување по скали наместо со лифт се одличен почеток за раздвижување на телото.

Секој септември во светот се одбележува како месец на подигање на свеста за синдромот на полицистични јајници (PCOS) – најчестото ендокринолошко нарушување кое се јавува кај 10% од жените за време на нивниот репродуктивен период.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …