Banner Bitola

„ЕХО” на Зарина Прва Севда ќе патува низ Македонија!

Ве информираме дека Зарина Првасевда,  после фантастичниот распродаден  концерт во Македонската Филхармонија по повод издавањето на нејзиниот прв албум „ЕХО” ,  објавува уште тринови датуми и градови во кои ќе одржи концерти придружувана од нејзиниот ансамбл.

 Кочани – 8 Октомври – Градски Парк почеток 13:00ч.


 Битола – 13 Октомври – Центар за култура почеток 20:00ч. 

 Демир Хисар – 14 Октомври – Дом на култура “Илинден” почеток 20:00ч.


На овие концерти Зарина Првасевда ќе ги изведува песните од својот – прв официјален

студиски албум, насловен „ ЕХО ” , кој го издаде за најголемата и најпродуктивна издавачката куќа на Балканот Croatia Records.


Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани а отпеан на 5 јазика и тоа : Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.

„Оваа т.н ” мини турнеја ” е нешто што со нетрпение го очекував да се случи после оној концерт  во Македонската Филхармонија кога мене лично ми се случи второто раѓање и едно вистинско реобликување за какво што претходно можев само да сонувам. Признавам дека сонував и овојпат…и еве уште еден од соништата станува реалност , само умножен во три нови датуми и три нови градови, сите од нив со посебно значење во моето срце.

Вистински е голема радоста и меракот да пејам во родниот град, на моите Демирхисарци , во Битола – мојот втор дом и голема љубов како и во Кочани, градот кој ме освои со  близината која ме дели од најмагичните зајдисонца што некогаш сум ги посведочила.

Она што за сигурно го знам е дека ќе имаме можност повторно заедно да ја одживееме магијата и синергијата што ни се случи нам присутните во Македонската Филхармонија , преку фреквенцијата на музиката да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме,  да и се радуваме , да ја помилуваме одблизу песната на народот , да ја налееме со љубов и одново да и дадеме крила , онака како што таа заслужува за да лета слободна и да патува се до онаму до кадешто некому ќе биде мелем .

Кочани, Битола , Демир Хисар – ЕДВАЈ ЧЕКАМ ! ” вели Зарина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …