(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ – Навивач втрчал на теренот и го преплашил Меси: Поради бурната реакција на обезбедувањето останал без автограм!

Фудбалската репрезентација на Аргентина во пријателски натпревар ја совлада Јамајка со 3:0, а покрај двата гола на Лионел Меси, натпреварот во Њу Џерси го одбележа навивачот кој втрчал на теренот за да побара автограм на грбот од играчот на ПСЖ.
Меси влезе во игра на половина час пред крајот, но и тоа беше доволно за да постигне два гола, додека во листата на стрелците се запиша и Јулијан Алварез.


По вториот гол на Меси, навивач втрчал на теренот, му пришол одзади на Аргентинецот и за момент го исплашил, а потоа побарал да му стави потпис на грбот.


И’ токму кога ѕвездата на ПСЖ требала да го направи тоа, обезбедувањето бурно реагирало и го соборило навивачот на тревата, а Меси за малку ќе „настрадал“.
Малку подоцна се појави снимка од навивачот на улица, а на грбот останала трага од пропаднатиот потпис на Меси.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …