(ВИДЕО) Грчката ѕвезда побегнала од презентацијата каде имало лав. Погледнете ја сцената

ГРК Костас Манолас (31) минатата недела се пресели од Олимпијакос во Ал Шарџа од Обединетите Арапски Емирати. Искусниот стопер му се придружи на Миралем Пјаниќ во новиот клуб, а во пресрет на дебито имала спектакуларна фотосесија и презентација. Намерата на сопствениците била да направат спектакл по повод трансферот, па на презентацијата донеле лав.
Лавот за време на снимањето лежел на неколку чекори од Манолас и во еден момент зарикал. Манолас се исплашил, а потоа се оддалечил од местото на снимање. Миралем Пјаниќ подоцна го објавил видеото на Инстаграм среде салви од смеа.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …