Холандскиот фудбалер Мохамед Ихатарен (20) се нашол во многу сериозни проблеми со локалната мафија откако Ајакс му даде можност да ја оживее кариерата по фијаското во Јувентус, во јануари.
Конфликтот на еден од најголемите светски таленти со мафијата настанал поради неговата врска со девојка од сомнително семејство, а набрзо почнале да пристигнуваат закани.
Во Ајакс му рекле да не доаѓа на тренинзи и натпревари додека не ја разреши ситуацијата, а во се се вклучила и полицијата.
Истрагата открила сомнителни лица кои „виселе“ околу куќата и семејството на Мохамед, а тие наводно биле во автомобилот што тој го добил од клубот на употреба.
🚨 – JUST IN: The Porsche Panamera from Mohammed Ihattaren has been destroyed by fire last night. The police is suspecting it’s been done on purpose. [@telegraaf] pic.twitter.com/tacbh00dbl
— 𝐀𝐅𝐂 𝐀𝐉𝐀𝐗 💎 (@TheEuropeanLad) September 27, 2022
Деновиве добил нова порака бидејќи му било запалено „Порше Панамера“ од 180.000 евра.
Пожарот го зафатил и „БМВ 3“ во сопственост на неговиот брат, а полицијата ги анализира снимките од надзорните камери за да види што точно се случило.
„Ова беше од љубомора. За среќа, материјалните работи лесно се надоместуваат“, рекол младиот фудбалер.
Да потсетиме, Ихатарен минатата година потпиша за Јувентус, а по неполна година побегна од Италија поради психички проблеми.
Фото: Принтскрин/Instagram