(ФОТО) СИ ЗАМИНА ОД КАНАЛ 5 НО НЕ ЈА НАПУШТИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА: Еве каде ќе може да ја гледате Билјана Дебарлиева

Познатата ТВ водителка и презентерка Билјана Дебарлиева преку социјалните мрежи неодамна ја извести јавноста и следбениците дека по 11. години работа во Канал 5 телевизија повеќе нема да се појавува пред камерите на таа фреквенција.
Бидејќи тогаш не најави дали е крај на ангажманите како медиумски работник, остана дилемата дали Билјана повторно ќе се појавува пред камери. Сепак, не помина многу време за нејзината убавина и професионалност повторно да зрачат од ТВ екраните, само на друга фесквенција.
Имено, Дебарлиева продолжи да ги води емисиите за здравство, односно „Визита“, ја замени со „Фактор здравје“ на телевизија 24 и дојде на местото на колегата Илија Николовски.

This image has an empty alt attribute; its file name is debarlieva.jpg


Веќе почна и првата емисија на споменатата телевизија на тема есенски вируси со гостинка доктор во студиото која говореше на темата.
Билјана ги воведе гледачите и посочи дека ќе можат да се гледаат секој работен ден наутро и да дознаат нешто повеќе на тема здравје.
За потссетување, пред да работи во телевизијата од која се збогува, Билјана беше препознатливо лице од утринската програма на некогашната А1 телевизија, водеше утринска програма, „Бебе магазин“…

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …