(ФОТО) Роналдо за еден фудбалер рекол дека е подобар: Дрога, затвор, Африка и тажен крај

Кристијано Роналдо е познат како фудбалер кој е повеќе од свесен за своите квалитети и ретко кажува дека некој е подобар од него, но тоа е случај со поранешниот португалски талент Фабио Паим.
На самиот почеток на кариерата на Роналдо имало и други фудбалери кои го привлекле вниманието на големите европски тимови. Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед и ја испиша историјата на светскиот фудбал, а Фабио Паим, кому сите му предвидуваа блескава кариера, го допре дното.
Паим и Роналдо играле заедно во познатата академија на Спортинг Лисабон. Се чинело дека небото била граница за двајцата, но само еден го достигна својот полн потенцијал.
„Ако мислите дека сум добар, почекајте да го видите Фабио Паим“, изјавил Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ по неговата преселба во Манчестер Јунајтед во 2003. година од Спортинг.


После тоа, Паим направил неверојатна авантура во која никаде не се прославил. Играл ширум светот за 19. различни клубови. Зенитот во кариерата го доживеал кога Луис Фелипе Сколари го донел во Челзи во 2008. година, но никогаш не играл за сениорскиот тим.
Кариерата ја помина на различни континенти и на најегзотичните дестинации. Од Португалија, Англија, Катар, Малта, Литванија и Луксембург, Паим стигнал дури и до африканскиот фудбал и две години ги носел дресовите на клубовите во Ангола.
Во 2019. година, Паим ненадејно се нашол на насловните страници на светските медиуми, но не поради фудбалот, туку затоа што бил уапсен за шверц на дрога. Полицијата при претрес на куќата запленила 12. грама кокаин, вага, 900 евра и БМВ. Тој бил уапсен од полицијата во Есторил, но по извесно време поминато во затвор бил ослободен со образложение дека прислушувањето не е доволен доказ во судот.
Тој ја продолжил кариерата по големиот скандал, а потоа проговорил во интервју за „Глобоеспорте“ во 2017. година и на крајот проговорил за споредбата со Роналдо.
„Тој не е од овој свет. Денес нема споредба. Во минатото, да. Во еден момент можев повеќе од него, но го немав она што тој го имаше, а тоа е сила и желба”, рекол Паим и заплакал пред камерите.

Толку го допре дното што добил отказ од луксембуршкиот второлигаш Унион Кајл-Тетанге поради непрофесионално однесување.
Неговиот последен ангажман беше во полскиот нисколигаш наречен LZS Starowice Dolne. Минатата година таму ја заврши кариерата, која ни приближно не ја предвидувале сите што го гледале, вклучувајќи го и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …