(ФОТО) Пандев го „замолчи“ Милевски по изгубениот меч против Бугарија – еве што му порача преку директна порака на Инстаграм

Доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев преку социјалните мрежи, односно својот Инстаграм му испрати порака на селекторот Благоја Милевски во врска со синоќешниот пораз од Бугарија (0:1).
Во објавениот пост Пандев стави три емотикони кои означуваат „замолчи“.

This image has an empty alt attribute; its file name is pandev-za-selektorot.jpg


Не е јасно дали пораката на Пандев е несогласување со изјавата на Милевски дека македонската репрезентација играше добро во ова издание на Лигата на нации, или можеби е „погоден“ од зборовите на селекторот искажани синоќа на прес-конференцијата дека „црвено-жолтите“ пласманот на претходното Европско првенство го изборија со полесни ривали во Д-сегменот, а не низ евро-квалификациите.
Македонската репрезентација Лигата на нации 2022. ја заврши на третото место во четвртата група со биланс од две победи, три пораза и еден нерешен резултат.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …