(ФОТО) Ова беше првиот знак дека актерот кој го играше Бен Хур има Алцхајмерова болест

ЧАРЛТОН Хестон се појави во повеќе од 100 филмови за време на плодната холивудска кариера која траеше шест децении. Тој е најпознат по класиците како „Бен-Хур“, за кој освои Оскар за најдобар актер и „Десетте заповеди“. Во 2002. година, тој разговарал со новинарите преку видео и споделил дека има „симптоми кои укажуваат на Алцхајмерова болест“.

This image has an empty alt attribute; its file name is carlton-heston-ben-hur-jpg.jpg
„За еден актер нема поголема загуба од неговата публика. Засега нема да променам ништо. Ќе работам кога ќе можам, а ќе одморам кога ќе наредат лекарите“, рекол тој, а потоа додал дека го губи сеќавањето.
„Ако по втор пат ви раскажам некоја смешна приказна, во секој случај насмејте се“, изјавил тој.
Губењето на меморијата е симптом поврзан со стареењето и најчесто се јавува на возраст од 60. до 65. години. Сепак, тоа е и знак за деменција, но не и единствен. Пациентите може да доживеат проблеми со говорот, видот, перцепцијата и вниманието, како и промени во личноста.


This image has an empty alt attribute; its file name is carlton-heston-ben-hur-1.jpg

„Сите пациенти со губење на меморијата или рана Алцхајмерова болест треба да бидат прегледани за можно губење на слухот, депресија и други вообичаени болести, како што е дијабетесот“, изјавил претседателот на Универзитетската болница во Стејтен Ајленд, Теодор Стрејнџ, за Eat This.
Постојат лекови кои можат да ја забават прогресијата на Алцхајмеровата болест, но не и за целосно излекување.
„Знаците на Алцхајмерова болест вклучуваат краткорочно губење на меморијата, збунетост, потешкотии во размислувањето, заборавеност, тешкотии со концентрирање, дезориентација и промени на личноста“, забележува др. Стренџ.


This image has an empty alt attribute; its file name is carlton-heston.jpg

Фактори на ризик
Според лекарите, луѓето постари од 65. години со семејна историја на Алцхајмерова болест имаат најголем ризик за развој на Алцхајмерова болест. Ризикот се зголемува со возраста и е поголем кај лицата со Даунов синдром и кај пациенти со претходни повреди на главата.
Најдобрите превентивни стратегии вклучуваат здрава исхрана, користење на вашиот мозок со доживотно учење, редовна физичка активност и вежбање.
Хестон почина во 2008. година на 84-годишна возраст во својот дом во Беверли Хилс и до ден денес остана холивудска легенда.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …