Погледнете со што верверица наполнила „Субару“

ПОДГОТОВКАТА за зима е во полн ек, а тоа важи и за животинскиот свет.
Меѓу нив има особено вредни верверички, кои секоја година изненадуваат неколку возачи во Америка. Оваа година, сопственикот на Subaru Forester бил изненаден кога нашол ни помалку ни повеќе туку 558 ореви под хаубата.
Сопственичката на Субару, Кетлин Лафорс, е членка на ФБ групата Wild Green Memes for Ecological Fiends, и вели дека била отсутна само седум дена. Една недела одмор била и недела на напорна работа за верверицата, која за рекордно време направила магацин од Субарито.

This image has an empty alt attribute; its file name is subaru-701x1024.jpg


Сличен настан беше забележан и минатата година, кога сопственикот на Chevrolet Avalanch од моторниот простор извадил дури седум кофи со ореви или околу 70 килограми. Не се знае дали и вратил дел од уловот на верверицата.
Навраќајќи се на случајот Субару, верверицата дефинитивно добро се снашла. Лафорс рекла дека верверицата била избркана од автомобилот, но тие и оставиле поголем дел од оревите, кои морала да ги премести на посоодветна локација, можеби во автомобил на соседот.
„Сè уште се чувствувам ужасно затоа што и ја уништив целата напорна работа“, напишала ЛаФорс и брзо собрала илјадници реакции и коментари.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) И ТОА ГО ВИДОВМЕ – Скапиот Ferrari F50 стартуваше „на туркање“

Многумина се нашле во ситуации кога поради дефект или други причини е потребно да се …