Неколку чашки алкохол на ден може да го намалат ризикот од оваа страшна болест

Две чаши алкохолни пијалоци дневно помагаат да се намали ризикот од деменција за повеќе од една третина, открива едно истражување.
Откако ги анализирале навиките за пиење на речиси 25.000 луѓе постари од 60. години, експертите откриле дека луѓето кои не пијат се изложени на најголем ризик да развијат болест на исцрпување на мозокот.
За споредба, луѓето кои пиеле еден до две пијалоци дневно имале 38. отсто помал ризик.
Научниците тврдат дека алкохолот може да го заштити срцето, што пак помага да се намали ризикот од деменција. Друга теорија е дека го намалува создавањето на токсични протеини поврзани со Алцхајмерова болест.
„Пиењето до пет единици дневно е поврзано со помал ризик од деменција во споредба со доживотната апстиненција“, рекла д-р Луиз Мевтон.
„Резултатите покажаа дека луѓето кои никогаш не пиеле алкохол имаат поголема веројатност да развијат деменција од оние кои пиеле. Овие резултати се конзистентни со претходните истражувања на оваа тема, кои исто така покажуваат дека прекумерното консумирање алкохол, како и не пиењето, се поврзани со поголем ризик од деменција“, заклучила д-р Сара Имасио.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …