Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Бугарија ги заврши настапите во Лигата на нации

Во последното коло во Ц-сегментот од Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје загуби од Бугарија со 1:0.
Речиси цел натпревар „рисовите“ го одиграа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Тодор Тодоровски во 14. минута по еден остар старт.
Кирил Десподов во 50. минута го постигна единствениот гол на Националната арена „Тодор Проески“
На другиот натпревар од 6. коло во четвртата група, Грузија на гости го победи Гибралтар со 2:1
Грузијците соо 16 бода на крајот го освоија првото место и изборија учество во Б-дивизијата, како и пласман во плејофот. Бугарија заврши како втора со девет бода, Македонците се на третото место со седум, последен е Гибралтар со само еден бод.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Селектор без влакна на јазикот: „Секс пред меч? Нормално“, „Оргиите не се идеални, но еј!“

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике одговарал на прашања на навивачите на Твитер за време …