„МАКЕДОНИСИМО” НА СИМОН ТРПЧЕСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

На голема радост на многубројната битолска публика, која синоќа го исполни Платото пред Офицерскиот дом, Симон Трпчески и пријателите, го изведоа концертот „Македонисимо”, низ кој беше претставен дел од големото богатство на македонската народна музика. Проектот од 80 минути музика, вклучува квинтет и претставува камерно видување на нашата музика, збогатувајќи ја изведбата на сплетови од македонски ора со неколку песни кои додадоа дополнителен шарм на целата инструментална димензија. Македонскиот пијанист од светски ранг, како дел од концертниот настап, заедно со публиката ја испеа и песната „Битола мој роден крај”.

This image has an empty alt attribute; its file name is trpcevski-16.jpg


Идејата за изведба на проектот „Македонисимо” во Битола, произлезе од средбата на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со пијанистот Симон Трпчески, во март годинава, со што општина Битола, заедно со своите соработници, ги овозможија потребните услови за синоќешниот настап.

This image has an empty alt attribute; its file name is trpcevski-21.jpg


„Овој град зрачи со посебен шарм, со уметност и култура и со манир на самите граѓани. Навистина сум многу среќен што имавме можност, за време на овој прв дел од турнејата во Македонија – претставувањето на проектот „Македонисимо”, да дојдеме токму во овој град којшто навистина зрачи со убавина. Дождот не ја поколеба публиката. Дојде во голем број и не прими со сето срце, како и што очекувавме, луѓе од различни профили и професии си го препознаа она што е нивно, што е посветено на македонскиот народ – проектот „Македонисимо” и навистина со топлина не прими што е дополнителна мотивација и инспирација за уметниците на сцената. Голема е одговорноста да се свири македонска музика, дома во Македонија, пред македонскиот народ, кој што тоа го носи во својот код, така што сум благодарен, што на овој начин го воспримија она што ние го направивме со многу љубов и голема одговорност кон народната музика”, изјави Симон Трпчески по завршувањето на концертот во Битола.

This image has an empty alt attribute; its file name is trpcevski-2.jpg


Во проектот „Македонисимо” на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови”. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ покрај Симон Трпчески на пијано, го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

Следното гостување на проектот „Македонисимо” е во Виена, а со веќе планирани повеќе концертни настапи, Трпчески и пријателите, продолжуваат да ја слават македонска музика и традиција насекаде низ светот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кино за млади“ во Скопје

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно …