Заедно се посилни: Се споија Огнен Здравковски и „Браво бенд“!

Од неодамна групата „Браво бенд“ има нов член, односно добиваат засилување и тоа не било какво. Во нивниот тим влегува и поп-пејачот Огнен Здравковски, кој важи за еден од најдобрите машки вокали во нашата земја.
Групата и пејачот соработувале и во минатото, но овојпат решија и официјално да се спојат и во иднина тие ќе настапуваат под името Огнен Здравковски и „Браво бенд“.
„Долго време бев во потрага по бенд и мислам дека сега се склопија коцките. Добив понуда од „Браво бенд“ и да бидам искрен не се двоумев многу, бидејќи со нив се познавам долго време, сме соработувале зеадно, а она што е најважно, тие се инзворедени музичари – накусо изјави Здравковски.
Задоволството не го кријат ниту членовите на бендот. Тие велат дека нивните планови се големи и дека допрва публиката ќе види за што станува збор…
„Со Огнен се познаваме долго време и воопшто не ни беше тешко да се договориме. Седнавме, разговаравме, сфативме дека имаме исти амбиции, исти планови и по неколку минути си подадовме рака дека започнуваме со соработка“ – изјавија момците од „Браво бенд“.
Инаку како што кажавме, нивните планови се големи. Во блиска иднина тие ќе снимаат и авторска песна, а дотогаш ќе може да ги видите и слушнете на настапите ширум нашата земја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Вера Ванг споделила ретка семејна фотографија: Изгледа младолико скоро како нејзините ќерки

Модната дизајнерка Вера Ванг има 73. години, но сите што ја познаваат велат дека престанала …