Жичарницата утре нема да работи до 14.30 часот

ЈСП информира дека утре, среда (28.09.2022 год) Жичарницата до 14.30 часот нема да работи. Времениот прекин на функционирање на објектот ќе биде поради изведување на планирани активности во електродистрибутиваната мрежа во реонот на Средно Водно.
Автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно) ќе има изменет возен ред од вообичаениот, односно ќе сообраќа во следниве термини.

Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч.
Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еко Логистик Сервис го прослави својот 5-ти роденден

Еко Логистик Сервис го прослави својот 5-ти роденден. Компанијата која за прв пат се појави …