Овен
Љубов:
Партнерот знае да ве расположи со своите идеи. Некои ситуации се повод за заедничка среќа и задоволство.
Работа:
Некој се обидува да ве натера да имате поинакво мислење, но вие имате свои цели и не отстапувате од плановите што сте ги започнале.
Здравје:
Слободното време посветете го на рекреација, опуштете се.
Бик
Љубов:
Некој ве поттикнува да донесете важна одлука. Не можете да ја порекнувате вашата одговорност пред блиска личност.
Работа:
Кога ќе ги усогласите вашите духовни интереси со практични цели, ве очекуваат позитивни резултати. Покажете повеќе чувство за практични вредности.
Здравје:
Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.
Близнаци
Љубов:
Ќе ви годи средба со блиска личност. Некој во вас започнува синџир на позитивни асоцијации и нови емотивни желби.
Работа:
Чувствувате мала резигнација, бидејќи деловните настани не одат во посакуваната насока. Сепак, не дозволувајте несигурноста да преовладува во вас.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со „тешки мисли“.