(ВИДЕО) Оваа серија, според магазинот Rolling Stone, е прогласена за најдобра на сите времиња

Магазинот „Rolling Stone“ ја ажурираше својата листа на најдобри серии на сите времиња, а култната драма „Сопранови“ повторно го зазеде првото место.
Сегашната ера на ТВ продукција ни носи повеќе од 500. серии годишно, од кои многу ги поместуваат границите на тоа како се раскажуваат приказни и кој ги раскажува.
Списанието Rolling Stone соодветно ја ажурираше својата листа на најдобрите телевизиски серии на сите времиња, првично составена во 2016. година.
Тие објаснија како се свртеле кон ТВ ѕвездите, креаторите и критичарите од Наташа Лион, Бен Стилер и Памела Адлон до актери како Џон Хам и Лизи Каплан за да ја средат долгата и комплицирана историја на телевизијата.
Серијата „Сопранови“ повторно е прогласена за најдобра серија на сите времиња.


„Креацијата на Дејвид Чејс повторно е на врвот на листата, бидејќи сè уште живееме во новиот свет на телевизија, воведен од шефот на мафијашот Тони Сопрано (Џејмс Гандолфини)“, според Ролинг Стоун.
„Едноставноста и држењето за рака на публиката не постоеја, а нарацијата и моралната комплексност беа присутни до последната сцена“, наведува Rolling Stone.
Покрај култните „Сопранови“, на листата на десетте најдобри серии се наоѓаат и следните продукции: “The Simpsons”, “Breaking Bad”, “The Wire”, “Fleabag”, “Seinfeld”, “Mad Men”, “Cheers”, “Atlanta”, “The Mary Tyler Moore Show”..
Целата листа можете да ја погледнете на линкот.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ин Мемориам: По долго боледување почина проф. др. Јовица Угриновски

По тешко боледување на 77 годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски. Со огромна жалост …