БЕЛГРАДСКО ДРАМСКО ПОЗОРИШТЕ ГОСТУВА ВО МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар на 4 и 5 октомври со почеток во 20:00 часот ќе гостува Белградско драмско позориште од Белград со претставата „Лет над кукавичкото гнездо”, според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.
„One flew east, one flew west, one flew over cuckoos nest” е големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградско драмско позориште во легендарната црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот.
Главниот лик на Редни П. Мекмарфи го игра Драган Бјелогрлиќ, а останатите актери се: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.
Сценографијата за претставата е дело на Зоран Ристиќ, костимограф е Јелисавета Татиќ-Чутурило, композитор е Александар Симиќ, на сценските борби работеше Александар Тасковиќ, а специјалните ефекти се на Томислав Маги.
Оваа драма е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога.
Премиерната изведба на претставата на БДП беше на 5 ноември 2005 година на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ” во Белградско драмско позориште. Времетраењето е 140 минути со пауза.
Признат од критиката како еден од најдобрите филмови во историјатот на кинематографијата, „Лет над кукавичкото гнездо” (1975) на Милош Форман го освои Оскарот за најдобра режија и најдобар филм, за главна женска улога која ѝ припадна на Луиз Флечер, и наградата за машка улога на Џек Николсон за главниот лик на Редни П. Мекмарфи.
Билетите се достапни онлајн преку веб-страницата, како и на билетарницата во Македонскиот народен театар.

Известува – Мила Анѓелковиќ


Фото: Драгана Удовичиќ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кино за млади“ во Скопје

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно …