Акција Македонски книжевни класици на библиотеката „Гоце Делчев“ – Гевгелија со бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература

Граѓаните на општина Гевгелија кои се членови на библиотеката „Гоце Делчев“, од денес имаат бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература создавана во текот на повеќе генерации.

This image has an empty alt attribute; its file name is Библиотека-Гоце-Делчев-Гевгелија-македонски-книжевни-класици-1.jpg
Оваа акција иницирана од директорот Стефан Марковски опфаќа десетици наслови од македонската литература почнувајќи од македонските писатели и културни дејци од 19-от век (Жинзифов, Прличев, Џинот, Миладиновци итн.), до класиците објавувани од македонските писатели, драматурзи и поети од втората половина од минатиот век.


This image has an empty alt attribute; its file name is Библиотека-Гоце-Делчев-Гевгелија-македонски-книжевни-класици-2.jpg
Некои од насловите вклучени во посебен фонд за оваа акција се: „Послание“ од Блаже Конески, „Црно семе“ и „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски, „Црнила“ и „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев, „Песни“ од Ацо Шопов, „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Поезија“ од Коле Неделковски, „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, „Зборник на народни песни“ од браќата Миладиновци, „Сердарот“ од Григор Прличев, „Бегалка“ од Васил Иљоски, „Песни“ од Ацо Караманов, „Она што беше небо“ од Владо Малески, „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Бели мугри“ од Кочо Рацин, „Крпен живот“ и „Раскази“ од Стале Попов итн. Покрај овие значајни дела за македонската литература, во акцијата се опфатени и книги на книжевно-историски теми од: Блаже Конески, Блаже Ристовски, Васил Тоциновски, Георги Сталев, Славчо Ковилоски итн.
Фондот од книги вклучени во акцијата е ограничен и е составен од нови и користени изданија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кино за млади“ во Скопје

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно …