„Турска бања” на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Вечерва (сабота, 24 септември 2022) е исклучителен ден за градот Нови Сад и Србија, а особено за многуте луѓе кои работат во културата и живеат за неа. Сметам дека српската публика може да види исклучителен национален проект кој има регионално и европско значење, вреден настан во културата и успешен резултат на културната соработка на четири земји – Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција”, рече помошник министерката за културно наследство и дигитализација Данијела Ванушиќ на отворањето на изложбата „Сава Шумановиќ и европскиот реализам меѓу двете светски војни” на плоштадот Галерија, каде започна неделата на визуелната уметност во рамките на Калеидоскопот на културата во Нови Сад.

This image has an empty alt attribute; its file name is Otvoranje-Matica-srpska.jpg


За прв пат публиката има можност во живо, на три локации да ги види делата како „Капачи” од француските музеи Хонофлер и Ларошел, „Турска бања” од Националната галерија на Р. Северна Македонија, „Шидијанки”, „Пристанишен агент” на Националната галерија на Музејот на модерна и современа уметност од Риека. Изложбата опфаќа најголем број дела на едно од најзначајните српски слики што се изложени во Спомен-збирката на Павле Бељански, во галеријата Матица Српска и во галеријата на слики „Сава Шумановиќ” во Шид.

This image has an empty alt attribute; its file name is Otvoranje-Matica-srpska-1.jpg


„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција партиципиравме и овозможивме пред српската и пошироката публика за прв пат да биде прикажана „Турската бања”, дело на Сава Шумановиќ од периодот меѓу двете светски војни (1926 г.), сопственост на Националната галерија. Уметничката критика ова дело го детирминира на самиот врв од неговиот опус со карактеристичен поетски реализам и умерен колористички експресионизам ” истакна директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

This image has an empty alt attribute; its file name is Otvoranje-Matica-srpska-2.jpg


Стручниот тим на Националната галерија ова дело го категоризира како антологиско, спаѓа во категоријата културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Неговиот ран уметнички стил се карактеризира со влијанија главно од кубизмот, но исто така и фовизмот и експресионизмот. Во неговите подоцнежни дела, Сава Шумановиќ успеал да развие свој, прилично оригинален уметнички израз. Поради иновациите и единствениот стил, Шумановиќ може да се опише како еден од најистакнатите српски сликари во дваесеттиот век, како и главен сликар од Кралството Југославија. Во текот на 1926-1927 година стилот на Шумановиќ станува помек, односно цврсто вајаните налик на скулптурални форми стануваат помеки, а во прв план продираат до тогаш непозната сетилност, поезија на боите и мазната атмосфера на Ориентот, поттикната, меѓу другото, и од личните дијалози со Матис.

Национална галерија на Република Северна Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кино за млади“ во Скопје

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно …