(Рецепт) МАСЛО СО КОЕ ЖЕНИТЕ ДОМА ГИ „БРИШАТ“ БРЧКИТЕ: Оние кои го пробале велат дека му нема рамен!

Рибиното масло содржи висока концентрација на витамини А и Е, кои ја прават кожата мазна и еластична, а е одличен сојузник во отстранувањето на брчките.
Брчките на лицето се појавуваат како резултат на староста но и брзиот и напорен начин на живот. Дамите често бараат разни препарати кои ќе го ублажат процесот на стареење, а често се подложуваат на ботокс.
Поради високата содржина на витамини А и Е, кои го забрзуваат процесот на регенерација на кожата, правејќи ја мазна и еластична, рибиното масло се смета за еден од најдобрите лекови против брчки.

This image has an empty alt attribute; its file name is ribino-maslo.jpg


Доколку имате проблем со ситни брчки и старечки дамки, од голема помош ќе ви биде рибиното масло помешано со полномасна павлака и сок од лимон (една кафена лажичка). Подготвената смеса нанесете ја на лицето и оставете да делува 20. до 30. минути, а потоа отстранете ја. Остатокот од маската измијте го со претходно подготвен чај од камилица.

This image has an empty alt attribute; its file name is nega-protiv-brcki.jpg


Подлабоките и поупорни брчки ќе се измазнуваат со маска од рибино масло и мед. Добро измешајте една лажичка рибино масло со иста количина мед. Со лесни движења, рамномерно нанесете ја оваа смеса на кожата на лицето и држете ја само 20-30 минути. Потоа отстранете ја маската со марамче и измијте ги остатоците со топла вода. Нанесувајте ја оваа маска два пати неделно и наскоро ќе го видите посакуваниот резултат во огледалото.
Чистото рибино масло е најефективното средство за отстранување на брчките околу очите. Дерматолозите препорачуваат да се нанесува пред спиење, а доволно е да се задржи на кожата 20. минути, а потоа да се измие со чиста вода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …