Овен
Љубов:
Следете го вашиот „внатрешен глас“ или претчувствата што ги имате при средба со блиска личност. Вашето срце ќе направи добар избор.
Работа:
Доколку се грижите за решавање на вашите дилеми, останува да ги преземете работите и контролата во свои раце.
Здравје:
Поттикнете позитивно расположение кај себе.
Бик
Љубов:
Доброто чувство што го имате навестува возбудлива забава или нова емотивна средба. Опуштете се во нечие друштво.
Работа:
Околината помага за заеднички успех и некој се труди да ви овозможи одредени привилегии и подобри материјални услови.
Здравје:
Обидете се да го подобрите вашето расположение.
Близнаци
Љубов:
Не дозволувајте нечие однесување да ве испровоцира на погрешна емотивна реакција. Бидете потрпеливи од вообичаено.
Работа:
Се обидувате да го одредите вашето место во деловните кругови, но и да зачувате добри односи со проверените соработници.
Здравје:
Контролирајте ја импулсивната страна на вашата природа.