(ВИДЕО) Интервју со „Red18“: „Сакаме на луѓето што ќе им се допаѓа нашата музика да им дадеме шанса да не слушаат се почесто и да се журкаат заедно со нас!“

„Red18“ е нов скоски бенд кој главно добива само позитивни коментари, некои луѓе мислат дека е нешто поинакво, свежо на нашата сцена и тоа посебно ги радува затоа што токму тоа е нивната цел – жанр и јазик не треба да се бариера или пресуда дали некоја музика ќе допре до публиката…

Како наједноставно може да се опише но и претстави „Red18“?
– Red18 е бенд што ги зема секојдневните случувања кај нас, во светот и од нашиот приватен живот и ги преточува во музика без никакви ограничувања и без “влакна на јазикот”.


Кажете ни нешто повеќе за членовите и со кој музички жанр можеме да ве „поврземе“?
-Членови на „Red18″ : Елена Манева – вокал, Јован Чифлигароски – Гитара, Марко Тошанов – Гитара, Александар Коцевски – бас гитара, Иван Димишков – тапани. Нашата главна идеја е да не се ограничиме жанровски, едноставно создаваме музика за луѓето што ќе не слушаат. Момент на креативност – што ќе излезе од нас, тоа ќе излезе и на албум/сингл/EP…


Вашата прва песна „Kingdom of Lies“ предизвика внимание кај медиумите кои ги следат младите бендови. Како песната наиде кај публиката?
– Публиката одлично ја прифати песната имајќи на памет дека има 2000 прегледи на Youtube во само една недела, ние сме изненадени и благодарни на сите. Добивме само позитивни коментари засега, некои луѓе мислат дека е нешто поинакво, свежо на нашата сцена и тоа посебно не радува затоа што баш тоа е нашата цел – жанр и јазик не треба да се бариера или пресуда дали некоја музика/песна/бенд е добар, едноставно слушајте ја музиката ако ви се допаѓа и „читајте меѓу редови, најинтересните работи ќе ги најдете така”.

This image has an empty alt attribute; its file name is Red18-Official-Artist-Photo-1-FINAL.jpg


Во нашата земја има фестивали кои се токму наклонети кон младите и надежни бендови. Имате ли желба да настапите на некој од нив но не како трибјут како што беше на „Андерфест“?
– Имаме желба да настапиме секаде за нашите луѓе. Сакаме на луѓето што ќе им се допаѓа нашата музика (без разлика во колкав број ќе бидат) да им дадеме шанса да не слушаат се почесто и да се журкаат на нашата музика заедно со нас, и да ја доживуваат на високо ниво, се надеваме како што ја доживуваме и ние.

Млади, амбициозни, оригинални – дали е тоа доволно да ве одведе до вашите соништа?
– Се надеваме, времето ќе покаже.

Во музичкиот свет е понекогаш доволен само еден настап за да се направи успешна кариера. Кои се вашите мотиви во натамошната работа, најавувате и албум.
– Нашиот мотив е константно креирање музика и добар контент за луѓето што не слушаат.

This image has an empty alt attribute; its file name is red-18s-grit-album-cover.jpg

Неспорен факт е дека електронските медиуми многу малку или скоро никако не ја третираат музиката која ја свирите – како планирате да и се наметнете на публиката?
– Едноставно со добри настапи во живо, добра музика, добра продукција, маркетинг, луѓето што сакаат да слушнат нова музика ќе слушнат, тие што не сакаат ни електронски медиуми ни ништо не може да ги натера.

Што следно можеме да очекуваме од вас?
– Датумите на објавување засега се вака:
08/10 – нов сингл со спот
28/10 – уште еден нов сингл со спот
18/11 – целиот албум
Исто така почеток на 2023-та очекувајте EP со музика на македонски јазик.

Г.О.

Фото: Приватен албум

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …