(ВИДЕО) Дали Роналдо конечно ќе ја добие вистинската казна по срамниот инцидент на Олд Трафорд

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед е обвинета од Фудбалската асоцијација на Англија, откако открила видео на кое се гледа како Роналдо му го фрла телефонот од рака на 14-годишното аутистично момче Џејкоб Хардинг. Тој беше обвинет за прекршување на правилото Е3 на ФА.
Приказната која започна во април годинава, кога Кристијано Роналдо (Кристијано) по поразот од Евертон (0:1) на „Гудисон парк“ на пат кон соблекувалната, му го скршил мобилниот телефон на навивач на Евертон кој сакал да се слика со него, доби нов епилог. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед е обвинета од Фудбалската асоцијација на Англија, откако открила видео на кое се гледа како Роналдо му го трга телефонот од рака на 14-годишното аутистично момче Џејкоб Хардинг. Тој бил обвинет за прекршување на правилото Е3 на ФА.

Не може да се извлече со тоа
Мајката на повреденото момче, Сара Кели (37) сега го повикала раководното тело правилно да го дисциплинира португалскиот напаѓач.
„Да се ​​надеваме дека конечно ќе ја добие вистинската казна“, изјави таа за „Mirror“ и додала:
„Не може да се извлече со тоа. Неговото однесување е неприфатливо“.
По инцидентот, Џејкоб останал со модринки на раката и скршен телефон, а мајка му, шокирана од неговото однесување, признала дека не знаека како ветеранот на „црвените ѓаволи“ може да спие ноќе знаејќи каква неволја му направил на еден млад навивач кој сакал само слика со својот идол.
„Ова е случај со кој требаше да се позанимаваат пред шест месеци. Син ми секој ден зборува за тоа што му се случило. Телефонот сè уште не му е вратен“, заклучила мајката на Џејкоб.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 


A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


Би сакал да се извинам
По инцидентот, самиот играч јавно се извини на социјалните мрежи и го повика момчето да го гледа натпреварот на Олд Трафорд. Тој напишал:
-Никогаш не е лесно да се справиме со емоциите во тешки моменти како овој со кој се соочуваме, но сепак, секогаш мора да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади кои ја сакаат убавата игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и, ако е можно, би сакал да го поканам овој навивач да го гледа натпреварот на Олд Трафорд во знак на фер-плеј и спортски дух.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ин Мемориам: По долго боледување почина проф. др. Јовица Угриновски

По тешко боледување на 77 годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски. Со огромна жалост …