(ВИДЕО+ФОТО) ПОТРЕСНО! ЈА ВРЗАЛА КОСАТА И ОТИШЛА ДА СЕ БОРИ А ПОТОА Е УБИЕНА: Имала само 20. години и штотуку станала новиот симбол на револуцијата!

Сите се прашуваат која е девојката која беше убиена во Иран на протести, која преку ноќ стана нов симбол на женската битка за правото на живот!
Името Хадис Наџафи стана синоним за непоколеблива борба против угнетувањето и дискриминацијата на жените на различни начини. Не се плашела од ништо, а следејќи ги своите ставови и верувања, пред само неколку дена го загубила животот на 20. години. Нејзината слика го обиколи целиот свет, а оваа бестрашна млада дама стана пример за многу жени.
Имено, таа ја започна битката со трагичен исход на многу симболичен начин – со врзување на косата во опавче! Со овој потег таа го следеше примерот на Махса Амини, исто толку храбра жена, која исто така стана жртва на репресивниот ирански режим! Токму смртта на Амини ја покренала женската револуција во Иран.


– Хадис Наџафи е убиена во Иран. Шест куршуми во градите, лицето и вратот. Таа имаше 20. години и излезе да протестира против убиството на Махса Амини. Таа вчера си ја врза косата и храбро почна да се бори против дискриминацијата, угнетувањето и загрозувањето на жените. Таа беше убиена денес – тоа е само една од многуте објави на Твитер.
Младата Хадис била убиена од иранските безбедносни сили, од тој момент оваа 20-годишна жена стана нов симбол на трагедијата, излив на тага и пркос на жените во Иран, кои протестираат од 16. септември.

Новинарката и застапничка за правата на жените, Масих Алинеџад, ја објавила веста за смртта на Хадис Наџафи, пишувајќи:

– Вооружените сили ја застрелаа оваа девојка шест пати откако ја врза косата и храбро зачекори среде протест во Карај.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што сака некој да ви порача ако ве БАКНЕ во чело? Погледнете каква ПОРАКА носи овој чин!

Бакнежот во чело често изгледа како многу интимен чин, затоа што некој ви кажува дека …