(ВИДЕО+ФОТО) ИЗРЕВОЛТИРАН – ВОДИТЕЛОТ ПРЕДИЗВИКАЛ СКАНДАЛ ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО: Ги наклеветил телевизијата и неговите колеги, па добил отказ! На работ на солзи и се обратил на поранешната колешка…

Водителот на телевизиската станица во Лос Анџелес KTLA, Марк Местер, добил отказ откако жестоко ја критикувал својата редакција и колегите кои и нанеле неправда на неговата партнерка во водењето емисија во живо.
Според странските медиуми, Местер збеснал откако неговата колешка Линет Ромеро, која неколку дена претходно дала отказ за да почне да работи во друга телевизија, управата не и дала дозвола да се збогува со гледачите и покрај тоа што поминала 24. години на таа позиција.


Продуцентите наводно го напишале делот што Местер требало да го прочита во шоуто како посвета на Линет, но тој одбил, наместо тоа велејќи:
„Сакам да започнам веднаш така што сакам да и се извинам на Линет. Те сакам многу, ти си буквално мојот најдобар пријател. Не го заслужи тоа што ти се случи”, рекол тој, нарекувајќи го потегот на продукцијата непристоен, суров и непримерен.

View this post on Instagram

A post shared by Mark Mester (@markmester)


Тој, исто така, им кажал на гледачите дека авионот, кој го изнајмил, летал над телевизијата KTLA со транспарент на кој пишувало „Те сакаме, Линет“.

View this post on Instagram

A post shared by Mark Mester (@markmester)

Поради неговиот говор, телевизијата КТЛА првично го суспендирала, а потоа било објавено дека сепак одлучиле да го отпуштат бидејќи сметаат дека со неговото однесување го заслужува тоа.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОМИЛЕН ЛИК ОД СЕРИЈА – Судија на Мундијалот е хит поради неговиот изглед, многумина го препознале Рос од „Пријатели“

Шпанската фудбалска репрезентација пред неколку дена брилјираше на натпреварот против Костарика, постигнувајќи неверојатен резултат од …