(ФОТО) УБАВА СЛУЧАЈНОСТ – Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас денес слават роденден, познатиот пар е роден на ист датум

Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас се еден од ретките парови кои можат да се пофалат со роденден кој се паѓа на ист датум. Денес е нивниот среќен ден.
Кетрин и Мајкл се родени на 25. септември, но со одреден временски јаз. Актерот е роден во 1944. година и денес го слави својот 78. роденден, додека актерката е родена во 1969. година и наполни 53. години.
Посебен датум одбележаа во петокот кога беа видени на Сардинија, каде уживаа во заеднички активности и ручек со пријателите. Меѓутоа, денес Зита на својот Инстаграм откри дека нивните авантури не завршиле тука.
На своите профили и двајцата си честитаа родендени споделувајќи заеднички фотографии.

„Денес ни е роденден. По 24. години прославување на нашиот посебен ден заедно, сè уште се радувам на тоа“, изјавила Зита.
Од друга страна, Мајкл и рекол на својата животна сопатничка дека ја сака „секогаш и засекогаш“.
Двојката се запознала во 1998. година на заедничка вечера на филмскиот фестивал во Довил, благодарение на нивните пријатели Антонио Бандерас и Мелани Грифит.
И покрај разликата во години, тие важат за еден од најстабилните парови во Холивуд, а уште од почетокот на нивната врска ја скршија познатата предрасуда дека разликата во годините создава пречки за љубовта.
Во ноември оваа година Кетрин и Мајкл ќе ја прослават 22-годишнината од бракот, а заедно имаат две деца, синот Дилан и ќерката Керис.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …