(ФОТО) СКРОМНО – КЛУНИЕВИ ПОКАЖАЛЕ ДЕКА ЖИВЕАТ КАКО „ОБИЧНИ СМРТНИЦИ“: Со скромен чин направиле вистинска метеж и хаос во јавноста

Џорџ и Амал Клуни денеска користеа јавен превоз и ја воодушевија јавноста со таа постапка.
Познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал ја изненадија јавноста кога се појавија на железничката станица во Њујорк. Двојката во последно време не се разделува, а често можат да се видат заедно на улиците во градот.
Имено, тие двајца, како и сите „обични“ луѓе патувале со јавен превоз, а од Њујорк се возеле до Вашингтон. Јавноста била воодушевена од нивниот необичен потег.

This image has an empty alt attribute; its file name is kluni-1-919x1024.jpg
Двајцата биле облечени лежерно за еден ден надвор. Како и секогаш, Амал зрачела со елеганција и стил, а носела рол-топ фустан во беж боја, кој е идеален избор за есенските денови. Долгите црни чизми и големите очила за сонце го комплетирале нејзиниот изглед правејќи ја да изгледа неодоливо.


This image has an empty alt attribute; its file name is kluni-2-682x1024.jpg
Актерот носел прилично едноставна комбинација која може да се види кај повеќето мажи. Носел фармерки и морнарска маичка.
Скромноста е ретка доблест денес, а со овој потег тие двајца покажаа дека и тие го поседуваат тој квалитет.

Многумина овој потег го окарактеризирале како маркетиншки трик и привлекување внимание, додека други се согласиле дека никогаш не им недостига внимание и дека тоа е искрено и од срце.
И’ покрај тоа што биле придружувани од вооружено обезбедување, убаво било да се видат во вакво необично издание.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …