(ФОТО) НАДАЛ НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ? Поранешната шампионка на Вимблдон прогнозира дека Новак Ѓоковиќ ќе има најмногу грен слем титули!

Поранешната француска тенисерка Марион Бартоли верува дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши трката GOAT пред Рафаел Надал, а за тоа даде интересно покритие.
Бартоли тврди дека Ѓоковиќ на крајот од трката ќе има освоено најмногу Грен слем турнири, односно дека кариерата ќе ја заврши пред Рафаел Надал.

This image has an empty alt attribute; its file name is novak-i-nadal-vo-rim-pak.jpg
– Прогнозирам дека Новак ќе биде тенисер со најмногу Грен слем победи. Единствено што може да го спречи на тој пат е коронавирусот и фактот што не е вакциниран, односно нема да може да учествува на Грен слемовите, но се надевам дека тоа нема да се случи – изјавила Марион Бартоли.



Поранешната тенисерка изненадила со изјавата дека очекува Надал да се пензионира следната година поради честите повреди.
– Не гледам Надал професионално да игра тенис по 2023. година. Тоа е мое мислење, сега ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Често се повредува и тешко дека телото ќе може да ги издржи сите тие напори, со оглед на тоа што веќе е во позните тениски години – заклучи Бартоли.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …