(ФОТО) ДВОРЕЦОТ ВИНДЗОР – Семејството ја објавило првата фотографија од вечното почивалиште на кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета Втора беше погребана минатиот понеделник, а нејзиното семејство сега ја објави првата фотографија од нејзиното вечно почивалиште во Виндзор.
Фотографијата која се појави на официјалниот профил на кралското семејство покажува црн белгиски мермерен надгробен споменик на кој е испишано името на Елизабета веднаш под имињата на нејзините родители, Џорџ Шести и Елизабета. Исто така, тука е и името на нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Плоча со цветни почести и венци е поставена во меморијалната капела св. Џорџ каде се погребани сите четворица членови на кралското семејство.
На истото место се наоѓа и пепелта на принцезата Маргарет, иако нејзиното име не е вклучено на оваа плоча.
Последното почивалиште на кралицата ќе биде отворено за посетителите на 29. септември, а тие ќе можат да и оддадат почит на Елизабета таму секој ден кога капелата ќе биде отворена за јавноста.
По повод погребот на кралицата Елизабета минатиот понеделник се одржаа низа церемонии, а милиони луѓе во Лондон, но и ширум светот, оддадоа почит и испратија последен поздрав до кралицата, која е најдолг владетел во историјата на монархијата.
По државниот погреб, нешто по 20. часот, на приватниот погреб присуствувало само кралското семејство.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Вера Ванг споделила ретка семејна фотографија: Изгледа младолико скоро како нејзините ќерки

Модната дизајнерка Вера Ванг има 73. години, но сите што ја познаваат велат дека престанала …