(ФОТО) ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ НА РЕАЛИТИ СЕРИЈАТА – Џорџина проговорила за загубата на синот: „Во еден миг го доживеав најдобриот и најлошиот момент во мојот живот!“

На шпанскиот фестивал посветен на телевизијата наречен „FesTVal“ бил прикажан клип од претстојната втора сезона на реалити серијата „Soy Georgina“, каде Георгина Родригез, инфлуенсерка и девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо, за првпат проговорила за загубата на нејзиниот син.
Џорџина Родригез, наводно, потпишала голем договор со Нетфликс на почетокот на годината за снимање на втората сезона од нејзината реална серија.
Откако потврдила дека „Soy Georgina“ ќе се врати „наскоро“, се појавуваат рани детали за емотивните превирања низ кои таа поминала по катастрофалната загуба на нејзиниот син во април.
Директорот за забава на Нетфликс во Шпанија, Алваро Дијаз открил дека трагедијата што ја доживеале убавата манекенка и инфлуенсерка и нејзиниот партнер и фудбалер на Манчестер Јунајтед ќе биде клучен дел од втората сезона на серијата.
Во снимката со која се најавува серијата, која беше објавена на новинарите на шпанскиот фестивал, Георгина зборувала за трагедијата.

„Животот ми даде толку многу за толку кратко време. Оваа година во миг го доживеав најдобриот и најлошиот момент во мојот живот”, рекла таа.
„Големо парче од моето срце се скрши и се прашував како можам да продолжам. Имав одговор поблизок отколку што мислев. Гледав во очите на моите деца и таму го видов единствениот начин да го направам ова, сите да бидеме заедно“, додала таа.



Родригез до сега многу не се огласуваше за смртта на едно од нејзините близнаци при породување, а оваа трагедија ја објавија со заедничко соопштение.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …