Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите
Речиси секој знае некои луѓе кои без причина „му одат на нерви“. Ги нервира кога зборуваат, се смеат или само да ги гледаат во нивна близина. Во овие ситуации се чини дека секој збор што ќе го кажат е погрешен. Секое движење, поглед, збор или насмевка ги нервира.

Зошто е така?
Психолозите истакнуваат дека може да има неколку причини за тоа, но една е најчеста и дека нема да ви се допадне објаснувањето. Вие всушност во таа личност го гледате тоа што ве нервира кај вас.
Всушност, луѓето имаат тенденција да ги проектираат своите внатрешни конфликти, проблеми, она што ги сметаат за нивните недостатоци и мани на другите луѓе. Затоа ги фрустрира и нервира кога кај другите ќе забележат она што потајно ги нервира во себе.


Затоа и славниот Карл Густав Јунг рекол:
„Сè што ве нервира кај другите може да ве доведе до подобро разбирање на самите себе“.
Кога одредена личност почнува да не нервира поради овие причини, тоа е всушност реакција на нашиот внатрешен механизам. Така се заштитуваме – едноставно не сме доволно подготвени да се соочиме со себе.
Имајте го ова објаснување на ум кога ќе забележите дека некоја личност ве нервира „без причина“. Ќе ви биде одлична можност подобро да се запознаете себеси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Редовното консумирање на една намирница може да го намали ризикот од срцеви проблеми

Љубителите на сирење имаат 38. отсто помали шанси да заболат од срцева слабост отколку оние …